Инфо

„Скопска“ ќе се надополнува само во билетарниците на ЈСП

Поради истекување на важноста на договорот помеѓу ЈСП и фирмата-мастер дилер за продажба на нивните услуги, во наредните денови граѓаните нема да можат да купуваат и да ги надополнуваат електронските картички „Скопска“ во продажните места кои не се во сопственост на ЈСП

понеделник, 28 мај 2018

Од денеска електронската картичка „Скопска“ ќе може да се купува или да се надополнува само во билетарниците на ЈСП. Од претпријатието информираат дека денеска завршил договорот помеѓу ЈСП „Скопје“ и фирмата-мастер дилер за продажба на нивните услуги, поради што во наредните денови граѓаните нема да можат да купуваат и да ги надополнуваат електронските картички „Скопска“ во продажните места кои не се во сопственост на ЈСП, туку исклучиво во продажната мрежа на претпријатието, што ја сочинуваат 32 билетарници.

„ЈСП навремено се подготви за решавање на оваа ситуација. Потребната опрема и логистика се обезбедени и многу наскоро граѓаните ќе имаат можност повторно да ги купуваат нашите услуги преку мрежа на секундарна дистрибуција. Ви се извинуваме за евентуалните нелагодности поради оваа ситуација, но пред целосна вредносна искористеност на договорот што го имаме склучено со фирмата-мастер дилер, не бевме во можност за активирање на подготвеното решение“, се вели во соопштението а ЈСП и се додава дека многу наскоро продажбата на нивните услуги повторно ќе биде возможна преку мрежа на секундарна дистрибуција.

 

Содржината е прочитана 77 пати.