Инфо

ЈСП ќе го зголеми бројот на автобуси кон гробиштата Бутел за Духовден

Поради двата празника, 24 и 25 мај, автобусите ќе возат со изменет возен ред, во четврток по неделен возен ред, а во петок по саботен возен ред

среда, 23 мај 2018

Автобусите од јавниот превоз утре и задутре ќе возат со изменет возен ред поради двата празника, 24 мај – Денот на „Св. Кирил и Методиј“ и 25 мај – Духовден, инфомираат од ЈСП. Во четврток, на 24 мај, автобусите ќе сообраќат по неделен возен ред, а во петок, на 25 мај, ќе важи саботниот возен ред.

„За Духовден во петок, сабота и недела, ЈСП Скопје ќе го зголеми бројот на поаѓања кон гробишта Бутел од Карпош, Ново Лисиче, Кисела Вода и во зависност од потребите на граѓаните ќе бидат ангажирани дополнителен број автобуси во периодот од 5 до 14 часот“, се вели во соопштението од ЈСП.

Подетални информации може да се добијат на веб страницата на претпријатието www.jsp.com.mk.
 

Содржината е прочитана 66 пати.