Инфо

Наставниците и професорите ќе се вработуваат на неопределено време

Министерството за образование и наука треба да побара согласност од Министерство за финансии за вработување лица на неопределено работно време во основното и средното образование

среда, 23 мај 2018

Владата на вчерашната седницата ја прифати информација за вработувањата во основните и средните училишта и донесе одлука Министерството за образование и наука да побара согласност од Министерство за финансии за вработување лица на неопределено работно време во дејноста на основното и средното образование, за работни места за кои може да се оствари полно работно време.

Трансформирањето во работен однос на неопределено време е регулирано со Закон донесен во 2015 година, со кој се опфатени лицата ангажирани со договор за волонтирање, со договор на дело, со авторски договор или со друг договор, а извршуваат работа во органите на државната власт, установите од областа на културата, образованието, здравството, детската и социјалната заштита, јавните претпријатија, заводите, фондовите.

Најзастапени вработувања на неопределено време има токму во образованието, заради ограничениот фонд на часови.

 

Содржината е прочитана 72 пати.