Култура

Шест национални установи од културата добија нови директори

Министерот за култура ги именуаше новите директори со редовен мандат

петок, 18 мај 2018

Шест национални установи од областа на културата добија нови директори. Министерот за култура ги именуваше новите директори со редовен мандат, по завршување на постапката од јавните конкурси.

Катарина Илиевска-Силјановска е именувана за директор на Театарот за деца и младинци, Ход Мифтари за директор на Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар, Гордан Николов на Музејот на Македонија, Мира Гаќина е именувана за дирекор на Музејот на современата уметност, Миќо Стојчески на Музејот на Тетовскиот крај - Тетово и Сашо Тодоровски за директор на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“'- Куманово.

Со овие национални установи досега раководеа вршители на должноста на функцијата директор.

 

Содржината е прочитана 168 пати.