Инфо

Анѓушев: „Да се зголеми регионалната соработка за да се забрзаат европските интеграции“

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓшев беше дел од Стратешкиот дијалог за Западен Балкан што го органзираше Светскиот економски форум и на Виенскиот економски форум (Vienna Economic Forum), настани што се одржаа во рамки на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија

петок, 18 мај 2018

За економски раст и развој на Република Македонија покрај имплементирање на економски мерки, од особено значење е да се обезбеди политичка стабилност и владеење на правото. Во таа насока Владата спроведува низа на реформи во сите сектори.

Ова го истакна вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓшев на Стратешкиот дијалог за Западен Балкан што го органзираше Светскиот економски форум (World Economic Forum WEF) и на Виенскиот економски форум (Vienna Economic Forum). И двата настани се одржаа во рамки на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија.

„Република Македонија, како мала земја, треба да ја зголемува соработката со земјите од регионот и преку зголемена регионална соработка да се забрзаат европските интеграции. Зголемувањето на регионалната соработка е нешто кон кое сите Влади во регионот треба да бидат посветени. Тоа подразбира активности во надминување на административните бариери кои сега постојат, но и реализација на капитални инфраструктруни проекти за наше меѓусебно поврзување“, рече Анѓушев.

Тој потенцираше дека Владата ќе биде посветена на реализација на проекти со кои ќе се придонесе кон подобра регионална соработка, а фокус ќе биде ставен на реализација на патната и на железничкаа инфраструктура на Паневропскиот Коридор 8.

„Добивме позитивни сигнали од меѓународните финансиски институции за поддршка во реализацијата на инфраструктурни проекти. Владата на Република Македонија е посветена на транспарентно и корисно насочување на финансиските средства од меѓународните институции, како и на средствата од даночните обврзници. Тие средства ќе бидат наменети на вистински начин, за изградба на патишта, железница, како и за изградба на гасоводна мрежа и конектирање со Транс Јадранскиот гасовод (TAP) и терминалите за природен гас во соседна Грција, за да обезбедиме конкурентност и во снабдувањето со природен гас. Работиме и на зацврстување на инфраструктурата во електро-енергетскиот пренос и во таа насока се инвестира во изградба на 400 киловолтен далекувод кој ќе ги поврзе Македонија и Албанија“, рече Анѓушев.
 

Содржината е прочитана 59 пати.