Бизнис вести

Македонските градежници се помалку работат во странство

Статистичките податоци покажуваат дека опаѓа вредноста и на извршените активности, но и на договорените градежни работи

петок, 18 мај 2018

Се помалку работа има за македонските градежници на странските пазари. Опаѓа вредноста на извршените активности, а што е уште полошо, драстично опаѓа и вредноста на договорените работи.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во периодот јануари – март годинава вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 775.469.000 денари, што е за 61,1 отсто помалку во споредба со истиот период минатата година.

Македонската градежна оператива во странство во првиот квартал годинава извршила градежни работи во вкупна вредност од 281.136.000 денари, а тоа е за 12,5 проценти помалку во споредба со истиот период лани.

Статистичките податоци покажуваат дека во првиот квартал годинава е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Босна и Херцеговина.
 

Содржината е прочитана 41 пати.