Инфо

Тркалезна маса „Анализа на потребите за градење капацитети на претприемачите“

Настанот го организираше Фондацијата „Претприемачки Сервис за Млади“ со цел да ги идентификува потребите за градење капацитети на младите претприемачи во рамките на проектот „BalkanMed INNOVA“ – „Балканско-Медитерански Центар за претприемништво и иновации“

петок, 18 мај 2018

На 4 мај во Стопанската комора на Македонија, Фондацијата „Претприемачки Сервис за Млади“ организираше тркалезна маса со цел да ги идентификува потребите за градење капацитети на младите претприемачи во рамките на проектот „BalkanMed INNOVA“ – „Балканско-Медитерански Центар за претприемништво и иновации“.

Повеќе од 50 мали и средни претпријатија од секторите: туризам и културно наследство, агробизнис, информатички комуникациски технологии и енергија и животна средина, учествуваа во анализата спроведена во текот на претходните месеци и обезбедија информации за потребите за градење капацитети.

Наодите од анализата беа презентирани на тркалезна маcа пред мултисекторски панел на учесници, вклучувајќи претставници од институции, организации за поддршка на бизниси, сопственици на бизниси и студенти.
Работилницата, организирана како тркалезна маса, им обезбеди можност на учесниците да се вклучат во дискусијата, да ги искажат своите ставови и мислења во однос на наодите презентирани во анализата.
Повратните информации се од голема важност, бидејќи претстојните активности на проектот ќе се фокусираат на воспоставување веб-школа со транснационални е-курсеви за претприемништво.

Проектот е финансиран од Европската унија преку транснационалната програма „Балкан-Медитеран 2014-2020“ и повеќе информации за истиот можете да се прочита на линкот http://www.balkanmed-innova.eu/

Проектот е имплементиран од Фондација Претприемачки Сервис за Млади (Македонија), Центар за стручно образование Лезбос (Грција), Технолошки Универзитет (Кипар), Рурална асоцијација за поддршка (Албанија), Иновациски центар на Бугарската Академија на науките (Бугарија) и Технолошко образовниот институт од Епирус (Грција).
 

Содржината е прочитана 81 пати.