Бизнис вести

Успешно заокружена хуманитарната аукција на слики што се одржа на Тематскиот ден „ДАМА –ДА-Здравејто и убавината во функција на современата жена“ во организација на агенција „Марили“

петок, 18 мај 2018

Вчера им беа врачени сликите на нивните нови сопственички – жените менаџери, членки на МАРИЛИ БИЗНИС КЛУБ. На Мирјана Марковска, управител на адвокатската канцеларија „Марковска&Андревски“, која годинава одбележува 20 години успешно работење. На Слаѓана Стаменкова, генерален менаџер на ТА ЕЛИТ ТРАВЕЛ, која беше една од најуспешните жени менаџери за 2017 година и на Ена Норнилд, генерален мнаџер на ДАН-МАК и на Miss EN.

Истовремено им беа доделени и благодарници од агенција „Марили“ за поддршката на хумантарниот проект.

Благодарници ќе им бидат доделени и на Јана Јанеска Ристески, генерален менаџер на Центар за современа ликовна уметност - Прилеп, која ги донираше петте уметнички слики за хуманитарниот проект, на г-ѓа Георгина Чакар, која донираше една уметничка слика и на д-р Таше Трпчевски, генерален менаџер на Болница „Плодност“ од Битола, кој, исто така учествуваше во хуманитарната аукција.

Средствата собрани на аукцијата беа донирни на ЈЗУ Здравствен дом Прилеп. Како што рече директорката на оваа институција, д-р Оливера Аџиоска ќе бидат искористени да се подобрат условите за вработените, но и за пациентите.
 

Содржината е прочитана 511 пати.