Бизнис вести

Богов се повлекува од кандидатурата за гувернер на Народна банка

Се уште актуелниот прв човек н НБРМ вели дека ја донел одлуката имајќи ги во предвид реакциите на дел од чинителите во политиката и роковите за избор на гувернер

среда, 16 мај 2018

Димитар Богов се повлекува од кандидатурата за гувернер на Народната банка на Македонија и за тоа веќе го известил претседателот на државата Ѓорге Иванов, кој го предложи за нов мандат на гувернерската функција.

Во изјава за МИА, се уште актуелниот гувернер вели дека откако внимателно ја проследил дебатата во јавноста околу предлогот по втор пат да биде именуан за гувернер на НБРМ,одлуката ја донел имајќи ги во предвид реакциите на дел од чинителите во политиката и роковите за избор на гувернер.

„Би сакал да му заблагодарам на претседателот на РМ, проф.д-р Ѓорге Иванов за довербата што ми ја даде со моето повторно предложување за прв човек на Народната банка, што за мене лично претставува валоризација на сработеното во изминатите седум години. Имајќи ги предвид реакциите на дел од чинителите на политичкиот живот во Македонија, моменталната политичка констелација и роковите за избор, во интерес на државата се повлекувам од кандидатурата за гувернер на Народната банка“, наведува Богов во пишана изјава за МИА.

Порачувајќи дека НБРМ не смее да се остави без гувернер, Богов потенцира дека очекува набрзо да се најде решение и оти во најкус можен рок ќе биде предложен нов кандидат од, како што вели, редот на професионалците кој ќе добие консензуална политичка поддршка.
 

Содржината е прочитана 22 пати.