Бизнис вести

Скопски „Бетон“ со добивка од 2,4 милиони денари за три месеци

Компанијата „Гранит“ АД Скопје, пак, остварилa добивка од само 469.000 денари, за разлика од лани кога добивката изнесувала 12,6 милиони денари

среда, 16 мај 2018

Скопски „Бетон“ незначително ја зголеми добивката во првите три месеци оваа година во однос на истиот период лани. Во периодот од 1. јануари до 31. март ДГ „Бетон“ АД Скопје оствари позитивен финансиски резултат во износ од 2.384.737 денари.

„Осварените вкупни приходи заклучно со март 2018 година изнесуваат 272.469.491 денари и истите се незначително зголемени во споредба со остварените приходи истиот период во 2017 година“, соопшти компанијата преку Македонска берза.

Зголемување бележат и остварените вкупни раходи, кои во првите три месеци годинава изнесуваат 270.084.754 денари.

За разлика од „Бетон“, компанијата „Гранит“ АД Скопје годинава неколкукратно ја намали добивката во споредба со лани. Билансот на успех на оваа градежна компанија објавен преку Берзата покажува дека во првото тримесечие „Гранит“ остварил добивка од само 469.000 денари, за разлика од истиот период минатата година кога добивката изнесувала 12,6 милиони денари.
 

Содржината е прочитана 23 пати.