Инфо

До 29 мај е продолжен рокот за плаќање заостанат долг за вода

Физичките и правните лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување договор до 24-месечни рати во зависност од висината на долгоt

вторник, 15 мај 2018

ЈП „Водовод и канализација“ Скопје до 29 мај го продолжи рокот за плаќање на заостанатиот долг за вода на рати и без камати. Од претпријатието соопштуваат дека поради голем интерес на граѓаните одлучено е акцијата што започна на 2 април и требаше да трае до 15 мај да биде продолжена до 29 мај, со цел да им излезе пресрет на сите корисници.

Корисниците на услугите на „Водовод и канализација“ – Скопје, кои имаат заостанат долг за вода (по основ на тужени сметки и редовени сметки) ќе имаат можност да го платат на рати и без пресметана камата за задоцнето плаќање. Физичките и правните лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување договор до 24-месечни рати во зависност од висината на долгот.

 

Содржината е прочитана 66 пати.