Инфо

Горивата поскапуваат за 1 до 2 денари од литар

Дизелот ќе поскапи за 1 денар, „Евросупер БС-95“ и Екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 1,50, а „Евросупер БС-98“, пак, за 2 денари од литар

понеделник, 14 мај 2018

Горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат од 1 до 2 денари од литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Цената на бензинот „Евросупер БС-95“ и на Екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 денар. Со тоа „Евросупер БС-95“ ќе се продава по 71,50 денари за литар, а екстра-лесното масло за домаќинство 52 денари за литар.

Регулаторна одлучи дизелот да поскапи за 1 денар, па неговата цена од полноќ ќе биде 63 денари за литар, додека бензинот „Евросупер БС-98“, пак, ќе поскапи 2 денари и ќе се продава по 73,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 2,100 денари и ќе изнесува 32,137 денари за килограм.

 

Содржината е прочитана 59 пати.