Инфо

Расте бројот на туристи во Македонија

Во првите три месци од годинава бројот на туристите е зголемен за 17,3 отсто во однос на истиот период лани, а на ноќевањата за 17,7 проценти

понеделник, 14 мај 2018

Се зголемува бројот на туристи кои ја посетуваат Македонија. Според Државниот завод за статистика, во првите три месци од годинава бројот на туристите е зголемен за 17,3 отсто во однос на истиот период лани, а на ноќевањата за 17,7 отсто. Само во март имало за 25,1 процент повеќе туристи во споредба со истиот месец минатата година, а ноќевањата биле зголемени за 18,7 отсто.

Статистиката покажува дека бројот на туристите во март 2018 година изнесува 53.836, а бројот на ноќевањата е 108.638. Бројот на домашните туристи во март 2018 година во однос на март 2017 година е зголемен за 18,5 отсто, а на странските за 28,4 проценти, додека бројот на ноќевањата на домашните туристи е зголемен за 3,6 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи за 28,5 отсто.

Во периодот јануари - март имало 10,1 отсто повеќе домашни туристи од истиот период лани, а 21,5 проценти повеќе странци.

 

Содржината е прочитана 55 пати.