Култура

Финската писателка Сала Симука и генералната менаџерка на „Марили“, Лидија Трипуноска на Саем на книгата

Позната современа финска писателка е авторка на трилогијата „Снежана“ составена од бестселерите за млади „Црвена како крв“, „Бела како снег“ и „Црна како абонос“

среда, 09 мај 2018

Познатата современа финска писателка Сала Симука, авторка на бестселерите за млади „Црвена како крв“, „Бела како снег“ и „Црна како абонос“, вчера пристигна во Скопје и на Саемот на книгата беше гостинка на штандот на издавачот на делата „Бата прес“. Во Промотивиот центар на Саемот беа промовирани овие нејзини романи објавени на македонски јазик.

Таа вчера се сретна со госпоѓа Лидија Трипуноска, генерален менаџер на агенција „Марили“, со која договорија ексклузивно интервју што ќе биде објавено на порталот на Агенцијата www.marili.com.mk. При оваа срдечна средба Симука и ја подари на Трипуноска нејзината последна трилогија книги „Снежана“ со специјална посвета.

Истовремено, таа се запозна и со Бизнис каталог на Република Македонија, што го издава „Марили“ како единствен и ексклузивен проект од Македонија и доби на подарок три последни изданија од овој проект.

Најпознатите дела на Сала Симука се психолошки, крими трилери во кои главниот лик - младата тинејџерка Лумики Андерсон, без да сака, запаѓа во безброј драматични и опасни ситуации кои сведочат за урбаната и забрзана динамика на живеење во нашето време. Делата на Симука се преведени во 52 држави во светот и се светски бестселер што сведочи дека добрата книга не познава граници, мали и големи јазици или држави.

Сала Симука (1981) е авторка на романи за млади. Студирала нордиска филологија и книжевност, креативно пишување и родови студии на универзитетот во Турк. Нејзините дела станаа книжевен феномен веднаш по нивното објавување, а наскоро во Холивуд се очекува според сценарио од овие светски бестселери да биде снимен и игран филм.

Романот „Црвена како крв“, беше една од најпродаваните преведени книги на минатогодишниот саем на книгата во Скопје.
 

Содржината е прочитана 139 пати.