Инфо

Првиот електричен автобус во Скопје вози на линијата број 15

Новиот енергетски ефикасен автобус ќе се полни со струја на крајните постојки во Ново Личие и во Карпош 4. Ќе биде дел од јавниот превоз пробно шест месеци

петок, 04 мај 2018

Од денеска во наредните шест месеци по улиците низ Скопје ќе сообраќа електричен автобус. Новиот автобус за кој Градот Скопје пред неполни три месеци потпиша договор со компанијата „Chariot Motors“ за пробно користење, ќе сообраќа на линијата број 15. Автобусот ќе се полни со струја на крајните постојки во Ново Лисиче и во Карпош 4 каде ЕВН постави станици.

„Автобусот е направен во согласност со последните технолошки трендови во оваа индустрија. Станува збор за енергетски ефикасен автобус кој троши минимално количество електрична енергија и е опремен со систем за брзо полнење. Најголемата предност е тоа што воопшто нема емисија на издувни гасови што го загадуваат воздухот“, рече градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на презентацијата на новиот електричен автобус.

Во Скопје веќе сообраќаат два екоавтобуси на гас, еден на линијата број 5 и еден на линијата број 2.
 

Содржината е прочитана 106 пати.