Инфо

Изменет режим на сообраќај поради „Визер – Скопски маратон 2018“ во недела

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ги информира граѓаните за трасата по која ќе се одвива трката, при што сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје ќе бидат забранети за сообраќај

петок, 04 мај 2018

Поради претстојниот „Визер – Скопски маратон 2018“ во недела ќе има изменет сообраќаен режим на поголем број сообраќајници низ Скопје. Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ги информира граѓаните за трасата по која ќе се одвива трката, при што сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје ќе бидат забранети за сообраќај. Оттаму апелираат до граѓаните за разбирање и почитување на посебниот сообраќаен режим во текот на одржувањето на настанот.

За трката на 5.000 метри предвидена е следната траса на движење: преку плоштадот „Македонија“, преку Камен мост, лево покрај новиот театар, па лево преку мостот „Гоце Делчев“ по булеварот „Илинден“ и по него лево по улиците „Рузвелтова“, „М. Т. Гологанов“, „Димитрие Чуповски“, „11 Октомври“ и пред портата „Македонија“ се врти лево на плоштадот „Македонија“, каде што е целта.

За полумаратонот, односно трката на 21 километар: стартот е од плоштадот „Македонија“ преку Камениот мост, лево покрај новиот театар, лево по мостот „Гоце Делчев“ по булеварот „Илинден“ лево по улиците „Љубљанска“ и „Московска“, десно по „Војвода Васил Чакаларов“, на крајот на улицата се врти назад и се оди по улиците „М. Т. Гологанов“, „Димитрие Чуповски“, „11 Октомври“, „Крушевска република“, по булеварот „Трета Македонска бригада“, улицата „Фрањо Клуз“, булеварот „Јане Сандански“ до крајот пред семафорот со булеварот „Србија“, каде што се врти назад по булеварот „Јане Сандански“ и улиците „Фрањо Клуз“, „Крушевска Република“, „11 Октомври“, се влегува низ портата „Македонија“ и на плоштадот, каде што е и целта.

И главната маратонска трка ќе се одвива по истите сообраќајници како полумаратонот, но со уште еден дополнителен круг.

На маратонот што го организира Сојузот на спортовите на Скопје е предвидено да учествуваат околу 10.000 натпреварувачи од педесетина земји од светот. Почетокот е во 8,30 часот,

 

Содржината е прочитана 138 пати.