Инфо

Нов Веро маркет ќе се отвори во Карпош 3

Новиот продажен објект на Веро е 12. маркет што компанијата „Веропулос“ го отвора во земјава. Лоциран е зад Сити мол, во близина на зградата на Прокредит банка

четврток, 03 мај 2018

Во сабота свечено ќе биде отворен нов Веро маркет лоциран во населбата Карпош 3. Новиот продажен објект на компанијата „Веропулос“, кој е 12.маркет во земјава, се наоѓа на улицата „Манапо“, зад „Сити мол“, во близина на зградата на Прокредит банка. Се простира на едно ниво и располага со сопствен паркинг наменет за потрошувачите.

Свеченото отворање е предвидено за во 11 часот и ќе биде надополнето со многу забава, едукација, дегустации и други бројни изненадувања за посетителите. За секоја сметка од 1.000 денари направена во новиот маркет, во периодот од 5 до 8 мај, посетителите ќе добијат ваучер за дополнителен попуст во „Џамбо“ маркетот во Веро центар кој може да го искористат до 30 мај.

Новиот маркет ќе нуди широка палета производи од македонски производители, како и ексклузивни производи од увоз што може да се најдат само во Веро.

Со новите вработувања во овој објект, вкупната бројка на вработени лица во Веро ќе достигне околу 1.100. Досега компанијата „Веропулос“ има отворено осум маркети во Скопје и по два маркета во Битола и во Тетово, како и четири продавници „Џамбо“ во овие три градови. „Веропулос“ е сопственик и на франшизата за ресторанот за брза храна „Гудис“.
 

Содржината е прочитана 109 пати.