Инфо

ОКТА одбележува 40-годишен јубилеј

Компанијата, која е главен снабдувач со горива во земјава денес го поседува најсовремениот логистички систем и напредна технологија со што обезбедува врвен квалитет на своите производи и услуги

четврток, 03 мај 2018

Компанијата ОКТА годинава го одбележува својот 40-годишен јубилеј. Компанијата, која е главен снабдувач со горива во земјава денес го поседува најсовремениот логистички систем и напредна технологија со што обезбедува врвен квалитет на своите производи и услуги.

Како дел од групацијата „Хеленик Петролеум“, ОКТА е поврзана насекаде во регионот и важи за најсигурен партнер, предводник во сферата на трговија, снабдување и дистрибуција на нафтени деривати. Со малопродажна мрежа од 26 современи бензински станици низ Македонија компанијата на крајните корисници им гарантира точна количина и проверен квалитет.

Значаен сегмент од работењето на ОКТА е и грижата за здравјето и безбедноста на своите вработени, како и заштитата на животната средина. Компанијата е препознатлива по својата посветеност кон грижата за заедницата и по бројните општествено одговорни практики. Од таму посочуваат дека ОКТА останува да биде фокусирана кон постигнување одржлив развој, притоа секогаш стремејќи се да обезбеди редовно и непречено снабдување на пазарот со горива со европски квалитет.

 

Содржината е прочитана 62 пати.