Инфо

Општина Центар ќе субвенционира до 3.000 денари за купен нов велосипед

Правото на субвенција е еднократно, а акцијата ќе трае се до исцрпување на предвидените средства

среда, 02 мај 2018

Општина Центар ја започна акцијата „Цел Центар на точак“, со која ќе субвенционира 30 отсто од цената на купување нов велосипед, но најмногу до 3.000 денари. Секој полнолетен жител на општината кој ќе купи велосипед има право да добие субвенција.

Жителите на Центар кои се заинтересирани за субвенцијата треба да ги достават следните документи: копија од лична карта, копија од трансакциска сметка и фискална сметка со сметкопотврда или фактура за купен велосипед.

Барањата со комплетна документација треба да се достават во архивата на Општина Центар, барака број 6, почнувајќи од денеска. Подносителите ќе бидат известени за редниот број на поднесокот и субвенционирањето.

Од Општината наведуваат дека правото на субвенција е еднократно и оти акцијата ќе трае сè до исцрпување на средствата од општинскиот буџет предвиднеи за оваа намена.
 

Содржината е прочитана 91 пати.