Култура

„Матица“ го издаде „Куферот од Берлин“ на Јелена Бачиќ Алимпиќ на македонски јазик

Последното дело на најпродаваната српска авторка е само еден од бројните наслови со кои клубот Матица ќе се претстави на 30-тиот традиционален саем на книга, а „Марили“, пак, успешната соработка со Јелена Бачиќ Алимпиќ ја продолжува со мега интервју што ќе биде објавено во летното издание на каталогот „Македонија“ што ќе излезе во почетокот на јули оваа година

среда, 02 мај 2018

До македонските љубители на пишаниот збор веќе стаса книгата „Куферот од Берлин“ од Јелена Бачиќ Алимпиќ, преведена на македонски јазик. Издавачката куќа „Матица“ го издаде последното дело на моментално најпродаваниот српски автор на Балканските простори на македонски јазик само три денели откако романот беше промовиран во Србија.

Воспоставената успешна соработка меѓу Агенцијата „Марили“ и Бачиќ Алимпиќ продолжува со ексклузивно мега интервју што ќе биде објавено во летното издание на каталогот „Македонија“ што ќе излезе во почетокот на јули оваа година, а ќе може да се прочита и на порталот на „Марили“.

„Куферот од Берлин“ е само еден од бројните наслови со кои клубот Матица ќе се претстави на 30-тиот традиционален саем на книга. Самот што ќе се одржи од 3 до 9 мај 2018 година во спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе има препознатлив слоган „Книга во секој дом".

Клуб Матица ќе понуди голем број на современи и класични литературни дела по саемски цени од домашни и од странски автори.

Белетристика, енциклопедии за деца и возрасни, психологија, филозофија, историја, драма, трилер, мистика, гастрономија, право, политика, лексикографија, езотерија, поезија... Голем избор за разнолика читателска публика по цени достапни за секого.

„Понудата е огромна и со сигурност можеме да кажеме дека има книги за сечиј вкус и книги за сечиј џеб“, велат од Матица од каде препорачуваат само еден дел од книгите, како што се популарните „Седумте сестри“, „Сестрата создадена од бура“, „Сестрата од сенка“, „Писма до загубената љубов“, „Одговорот на Јулија“, „Замка“, „Хеликоптерот“, „Куќа на убавината“, „Дванаесетте соби на Нил“, „Портите на Еванџелина“...
 

Содржината е прочитана 329 пати.