Инфо

Горивата поскапуваат за два денари по литар

Бензините ќе се продаваат по 70, односно по 71,50 денари, додека дизелот по 62 денари за литар

понеделник, 30 април 2018

Од ноќеска на полноќ малопродажните цени на бензините Еуросупер 95 и Еуросупер 98, како и на Еуродизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за два денари по литар, соопшти денес Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Според РКЕ, малопродажната цена на Еуросупер 95 ќе биде 70 денари за литар, на Еуросупер 98 ќе изнесува 71,50 денари, литар Еуродизел ќе се продава по 62 денари, додека Екстра лесното масло за домаќинство по 50,50 денари за литар.

Се зголемува и малопродажната цена на мазутот за 1,317 денари, поради што килограм ќе чини 30,037 денари.

 

Содржината е прочитана 71 пати.