Инфо

Илинден прогласена за општина со најповолно бизнис-опкружување во Македонија

Признанието што го доби Општината во рамки на регионалната конференција за промоција на поволно бизнис опкружување во Југоисточна Европа „Партнерство за конкурентен регион“, е потврда за сигурноста што ја имаат потенцијалните инвеститори во добивањето услуги и информации за работите и дејностите во надлежност на локалните власти

среда, 25 април 2018

Општина Илинден е прогласена за општина со најповолно бизнис опкружување од Република Македонија, во рамки на регионалната конференција за промоција на поволно бизнис опкружување во Југоисточна Европа „Партнерство за конкурентен регион“ (Business Friendly Certification Soiuth East Europe - (BFC SEE), што се одржа во Белград.

Business Friendly Certification Soiuth East Europe претставува единствена програма за подобрување на квалитетот на услугите и информациите кои општините од регионот на ЈИЕ им ги нудат на компаниите. Во рамките на програмата се доделуваат сертификати на општини од Македонија, Хрватска, Србија, Црна Гора и од Босна и Херцеговина.

Овој сертификат претставува потврда за инвеститорите и за стопанствениците дека општините нудат ефикасна и ефективна услуга, односно, целосна и навремена комплетна информација и поддршка за разработување на нивните потреби за вложување, како и поддршка при натамошно развивање на нивниот бизнис.

Општина Илинден, благодарение на создадените услови за привлекување нови и на поддршката на постојните инвеститри, придонесе за влез на 180 компании од кои 33 се странски директни инвестиции цо деветте локални економски зони и го доби ова признание за исполнување на стандардите, односно, нудење сигурност на потенцијалните инвеститори во добивањето услуги и информации за работите и дејностите во надлежност на локалните власти.
 

Содржината е прочитана 120 пати.