Бизнис вести

Комерцијална банка наградена од Commerzbank AG, Frankfurt

Наградата претставува уште една потврда за квалитетот на девизното работење, но и обврска за постојано автоматизирање и унапредување на овој сервис

вторник, 24 април 2018

Комерцијална банка АД Скопје е добитник на наградата „Commerzbank’s STP Excellence Award“ за 2017 година, како признание за брзината и квалитетот на меѓународните плаќања.

„Оваа награда е особено значајна бидејќи Commerzbank ја потврдува одличната соработка и по втор пат го признава извонредниот квалитет во директната обработка на плаќањата на Комерцијална банка АД. Високиот степен на ефикасност на директна обработка на меѓународните плаќања значајно влијае на заштедата на време и трошоци, што ѝ дава конкурентска предност на Банката. Наградата претставува уште една потврда за квалитетот на девизното работење, но и обврска за постојано автоматизирање и унапредување на овој сервис“, информираат од Банката.

 

Содржината е прочитана 61 пати.