Инфо

Лозарите можат да ги подигнат дополнителните два денари субвенции за килограм предадено грозје

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски објави дека се исплатени 104,7 милиони денари субвенции за грозјето

вторник, 24 април 2018

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на својот фејсбук профил соопшти дека лозарите можат да ги подигнат дополнителните два денари субвенции за килограм предадено грозје во регистриран преработувачки капацитет.

Како што наведува Николовски, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој по овој основ исплати вкупно 104,7 милиони денари.

„Денеска може да си ги подигнете парите за дополнителните субвенции од два денари за килограм предадено грозје во регистриран преработувачки капацитет. Продолжуваме со истото темпо, навремена и неселективна исплата на субвенциите тогаш кога ви се најпотребни“, пишува на фејсбук профилот на министерот Николовски.
 

Содржината е прочитана 74 пати.