Инфо

Општина Карпош ќе субвенционира купување велосипеди

Локалната самоуправа ќе субвенционира со максимален износ од 3.000 денари, а изборот ќе се врши по принципот „прв пријавен, прв услужен“

вторник, 24 април 2018

И Општината Карпош ќе дава субвенции за купување нов велосипед. Локалната самоуправа ќе субвенционира со максимален износ од 3.000 денари, а изборот на оние кои ќе добијат средства ќе се врши по принципот „прв пријавен, прв услужен“.

Советниците вчера ја изгласаа предлог-одлуката за давање согласност за распишување јавен оглас и спроведување постапка за одобрување субвенции на жителите на Општина Карпош за купување нови велосипеди. Оваа одлука важи од 26 април годинава.

Истакнувајќи дека постои огромен интерес за оваа субвенционирана помош, градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев потенцираше дека на овој начин ќе се поттикне користењето велосипед од карпошани, а со тоа и ќе се придонесе за заштита на животната средина.

 

Содржината е прочитана 85 пати.