Инфо

Просечната нето плата во февруари изнесува 23.158 денари

Највисоки просечни плати се исплатени во секторот Воздухопловен транспорт – 55.907 денари, по што доаѓа компјутерското програмирање и консултантските дејности со 53.089 денари

понеделник, 23 април 2018

Во февруари годинава била исплатена просечна нето-плата по вработен во висина од 23.158 денари, што, според Државниот завод за статистика претставува зголемување од 3,6 проценти во однос на февруари лани.

Просечна месечна бруто-плата по вработен во февруари 2018 година изнесува 33.994 денари

Зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење камен за 14,5 проценти, преработувачка индустрија за 10,7 проценти и информации и комуникации за 10,5 отсто.

Највисоки просечни плати се исплатени во секторот Воздухопловен транспорт – 55.907 денари, на второ место е компјутерското програмирање и консултантските дејности со 53.089 денари, по што доаѓа секторот финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови, со просечна плата од 40.950 денари.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација за 26,4 отсто, Транспорт и складирање за 11,7 проценти и Рударство и вадење на камен за 9,9 проценти.

 

Содржината е прочитана 47 пати.