Бизнис каталог

Бизнис каталог 2015 / зимско издание

Почитувани,

Пред Вас е новото зимско издание на Бизнис каталог на Република Македонија за 2015 година. Атрактивноста на содржините во континуитет произлегуваат од бизнис сферата, но и од најзначаните проекти од областа на археологијата, творештвото, екологијата, медицината, спортот и др.

Остануваме доследни на концептот најдоброто од државата да го претставиме во форма на интервјуа на значајни личности од сите сфери на општеството. Доследно содржински, но и во делот на дистрибуцијата посветени сме на авиосообраќајот и на дијаспората. Каталогот е присутен во амбасадите и конзуларните претставништва во нашата земја, но и во нашите амбасади во Европа и во светот.

Дел од тиражот е присутен во продажната мрежа во Скопје и во поголемите градови, а во електронска форма е достапен и на веб порталот на агенцијата Марили (www.marili.com.mk). На ваков начин се подобрува комуникацијата, пред се, со деловните субјекти од сите делови на светот и нивната перцепција за нашата земја како бизнис дестинација за развој на инвестиции и како земја со европски корени од историски и културен аспект.


 
Содржината е прочитана 878 пати.