Обраќање

Обраќање на г-ѓа Лидија Трипуноска, генерален менаџер на Агенција МАРИЛИ

Почитувани

Во периодот што следува агенцијата „Марили“ се подготвува за јубилејните проекти - Бизнис- каталогот на Република Македонија за 2016 година (зимско издание) и манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери од Р.Македонија и од дијаспората“ - кои бележат 20-годишен јубилеј. Во бизнис-каталогот двете главни поглавја концепциски, содржински и дизајнерски ја опфаќаат суштината на македонскиот бит, од една страна, и најзначајниот аспект од економските движења, а тоа се инвестициите, од друга страна. Фолклорот и странските инвестиции се наша инспирација и предмет на анализа што најсоодветно ќе ги претставиме како спој меѓу културата и бизнисот што ги промовираме веќе две децении во ова ексклузивно единствено издание од ваков тип во нашата земја.

Во годината на женското претприемаштво ќе организираме јубилејна манифестација и уште еднаш ќе покажеме колку е свежа темата за местото на жената во бизнисот и нејзината битка за искачување по скалилата на успехот во него. Преку позитивните примери на успешни жени менаџери што ќе ги обединиме во јубилејот заокружуваме едно големо поглавје од промоцијата и афирмацијата на жената во нашето општество во делот на бизнисот, но и пошироко. Секако, сите активности околу овој проект пред и по одржувањето на јубилејната манифестација ќе бидат насочени кон правење резиме и извлекување на најважните заклучоци, а тоа ќе поттикне нови идеи за развој на женското менаџерство и женското претприемаштво. Секако, веб-порталот ќе има посебна функција во претставувањето на сите значајни согледувања и околу манифестацијата и околу бизнис-каталогот. На страниците на порталот ќе ја опфатиме и другата значајна тема на која работиме втора година, а тоа е „Здравјето и убавината во функција на современата жена“ што поконцизно ќе ги детерминира сите аспекти на современото живеење и потребите на современата жена.

Со почит,
Лидија Трипуноска
Генерален менаџер

Содржината е прочитана 1797 пати.