Бизнис вести

Владимир Косијер е нов генерален директор на Пивара Скопје

Косијер ја презема функцијата од 1 мај 208 година. На оваа позиција доаѓа од Украина, каде во изминатите пет години ја извршувал функцијата менаџер за продажба на Coca-Cola HBC за пазарите на Украина и Молдавија

вторник, 17 април 2018

Од 1 мај 2018 година функцијата генерален директор на Пивара Скопје ќе ја извршува Владимир Косијер. Тој на оваа позиција доаѓа по Јован Радосављевиќ, кој со оваа редовна организациска промена е унапреден на позицијата генерален директор на операциите на Coca-ColaHBC во Романија.

На позицијата генерален директор на Пивара Скопје, Владимир Косијер доаѓа од Украина, каде во изминатите пет години ја извршувал функцијата менаџер за продажба на Coca-Cola HBC за пазарите на Украина и Молдавија.

„Навистина со големо нетпрение очекувам и се радувам што ја преземам функцијата генерален директор на Пивара Скопје. Компанијата има одлична репутација во Групацијата како резултат на нејзините успеси и значење за зедницата и секако, нејзините луѓе. Верувам дека со моето искуство ќе придонесам кон натамошниот одржлив развој на компанијата и на натмошните вложувања во сите сегменти што го поттикнуваат тој развој, почнувајќи од нашиот тим, довербата на купувачите и потрошувачите во нашите брендови и секако во заедницата“, рекол Владимир Косијер, пред стапувањето на функцијата генерален директор на Пивара Скопје.

Својата кариера во Coca-Cola системот, Косијер ја започнал пред повеќе од 16 години во Србија, поминувајќи ги сите скалила во комецијалниот сектор и учествувајќи во реализацијата на голем број проекти.
 

Содржината е прочитана 135 пати.