Бизнис вести

НЛБ Банка АД Скопје со најголема добивка од над две милијарди денари во 2017 година

Од вкупно 101 компанија, колку што котираат на Македонската берза, 78 оствариле добивка, а 23 компании работеле со загуба во 2017 година

вторник, 17 април 2018

Банкарскиот сектор повторно е најпрофитабилна дејност во Македонија, покажуваат финансиските податоци на котираните друштва за 2017 година на Македонската берза.

На врвот на табелата е НЛБ Банка АД Скопје, со нето добивка од 2.124.947.000 денари, а потоа следува Стопанска банка АД Скопје со нешто помала добивка од 2.044.120.000 денари, додека на трето место е Македонски Телеком АД Скопје со добивка во висина од 1.380.848.000 денари.

Од вкупно 101 компанија, колку што котираат на Македонската берза, 78 завршиле со добивка, а 23 компании работеле со загуба во 2017 година.
 

Содржината е прочитана 124 пати.