Инфо

Од денес до четврток изменет сообраќаен режим околу „Александар палас“

Посебениот режим на сообраќај, што се воведува поради претстојниот Дигитален самит на земјите од Западен Балкан, почнува од денеска во 15 часот и ќе трае до 15,30 часот во четврток

вторник, 17 април 2018

Поради претстојниот Дигитален самит на земјите од Западен Балкан што утре и задутре (среда и четврток) ќе се одржува во хотелот „Александар палас“ и во ВИП Арена (салата „Борис Трајковски“) во Скопје, ќе биде воспоставен изменет сообраќаен режим за улиците околу овие објекти. Од МВР информираат дека посебениот режим на сообраќај почнува од денеска во 15 часот и ќе трае во наредните два дена, до 15,30 часот во четврток.

Притоа ќе бидат затворени и пренасочени за сообраќај улиците „Јадранска магистрала“, „Скупи“, делови од булеварите „8 Септември“ и „Илинден“, како и другите сервисни улици што гравитираат кон ВИП Арената и хотелот „Александар палас“.

Посебен сообраќаен режим е предвиден и за обиколницата на автопатот до скопскиот аеродром.
 

Содржината е прочитана 110 пати.