Инфо

Бензините поскапуваат за половина, дизелот за еден денар

Од полноќ Еуросупер БС-95 ќе се продава по 68 денари за еден литар, Еуросупер БС-98 по 69,50 денари, додека цената на Еуродизелот ќе зинесува 60 денари за литар

понеделник, 16 април 2018

Од ноќеска на полноќ горивата имаат повисока цена за половина до еден денар од литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Со одлуката малопродажната цена на бензините се зголемува за половина, а на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство за еден денар од литар.

Според одлуката, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 68 денари, на Еуросупер БС-98 ќе биде 69,50 денари, Еуродизелот ќе се продава по 60 денари за литар, додека екстра лесното масло за домаќинство по 48,50 денари.

Се зголемува и малопродажната цена на мазутот и сега ќе изнесува 28,72 денари за килограм.

Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена изнесуваше 68,9 долари за барел, а курсот на денарот во однос на доларот 50.003 денари.
 

Содржината е прочитана 36 пати.