Инфо

Во февруари годинава Македонија ја посетиле 11,7 отсто повеќе туристи отколку лани

Бројот на домашните туристи во февруари годинава, во однос на февруари лани е зголемен за 8,1 отсто, а на странските за 13,8 отсто. Домашните туристи годинава оствариле за 25,4 проценти повеќе ноќевања од лани, а странските за 4,3 отсто

понеделник, 16 април 2018

Во февруари 2018 година Македонија ја посетиле 41.182 туристи, што е за 11,7 проценти повеќе отколку во истиот месец минатата година. За ист процент е зголемен и бројот на остварени ноќевања - во февруари годинава биле реализирани вкупно 89.301 ноќевање.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека бројот на домашните туристи во февруари годинава, во однос на февруари лани е зголемен за 8,1 отсто, а на странските за 13,8 отсто. Домашните туристи годинава оствариле за 25,4 проценти повеќе ноќевања од лани, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 4,3 отсто.

Во првите два месеци годинава, во однос на истиот период од претходната година бројот на туристите е зголемен за 13 проценти – кај странците зголемувањето изнесува 17,4 отсто, а кај домашните туристи 6,3 отсто.
 

Содржината е прочитана 118 пати.