Инфо

„Икеа“ отвора изложбен салон во Белград

Салонот со површина од 900 квадратни метри се наоѓа на улицата „Кнез Михајлова“

петок, 13 април 2018

Шведската компанија „Икеа“ на почетокот на мај ќе отвори свој изложбен салон во центарот на Белград.

Станува збор за простор со површина од 900 квадратни метри, што се наоѓа во познатата „Кнез Михајлова“ улица.

Во овој салон посетителите ќе можат да се запознаат со асортиманот од понудата на „Икеа“, да добијат стручни совети за уредување на домовите, како и да учествуваат во интерактивни содржини.

Пренесено од МИА
 

 

Содржината е прочитана 92 пати.