Инфо

Пет погранични македонски и бугарски региони ќе се здружат во Асоцијација на општини

Целта на Асоцијацијата ќе биде заеднички настапи и учества во проекти за прекугранична соработка во фондовите на ЕУ

петок, 13 април 2018

Општините од пет погранични македонски и бугарски региони ќе се здружат во Асоцијација на општини, чија цел ќе биде заеднички настапи и учества во проекти за прекугранична соработка во фондовите на ЕУ. Во Асоцијацијата ќе членуваат општини од североисточниот, источниот, југоисточниот, благоевградскиот и ќустендилскиот регион.

Триесетина градоначалници и кметови од пограничните региони од двете држави вчера во Куманово дадоа поддршка за формирање на Асоцијацијата. Пртитоа е договорено првото конститутивно собрание да се одржи идниот месец во Ќустендил

„Наша основна задача ќе биде развој на регионите и заедничко лобирање на проекти од областа на социјалната заштита, образованието и културата. Ние општините од Република Македонија ќе го користиме искуството на нашите колеги од соседна Бугарија и со тоа ќе добиеме поголема можност не само општините, туку и институциите што ние ги претставуваме да се зближат и заедно да аплицираат за европски пари кои ни се ставени на располагање“, рече градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

 

Содржината е прочитана 74 пати.