Инфо

Град Скопје ќе дава по 3.000 денари субвенции за купување велосипед

Ќе се субвенционира и купувањето рачен велосипед и рачен велосипед со електрично помагало за лица со посебни потреби, при што износот на надоместот ќе биде не повеќе од 90.000 денари по лице

четврток, 12 април 2018

Градот Скoпје и оваа година ќе дава субвенции за купување велосипед. Советниците вчера одлучија максималниот износ за поединечен надомест за купен велосипед да биде 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари.

Одлуката важи и за субвенционирање нов рачен велосипед и рачен велосипед со електрично помагало за лица со посебни потреби, но во овој случај износот на надоместот ќе биде не повисок од 90.000 денари по лице.

Субвенциите, како и досега ќе се делат по принципот „прв дојден, прв услужен“. За оваа намена во Буџетот на Град Скопје се предвидени 10 милиони денари, од кои 9 милиони се наменети за набавка на велосипеди, а еден милион денари за рачен велосипед или рачен велосипед со електрично помагало за лицата со посебни потреби.

Се очекува деновиве да биде објавена и информацијата за рокот за поднесување барање за субвенции и за критериумите за нивно доделување.
 

Содржината е прочитана 266 пати.