Инфо

Паркирање на Кале и Средно Водно ќе чини 100 денари од час

Оваа цена што ќе важи за новата А0 зона е за првиот час, а секој нареден ќе се доплаќа по 50 денари

четврток, 12 април 2018

Град Скопје воведува А0 зона за паркирање, каде еден час паркирање ќе чини 100 денари, а секој нареден час ќе се доплаќа по 50 денари. Ваквото зонско паркирање ќе се воведе на Кале и на Средно Водно.

Ова е предвидено во Одлуката за дополнување на ценовникот на ЈП „Градски паркинг“, за која вчера гласаа советниците во Советот на Град Скопје. Одлуката беше предложена од градоначалникот Петре Шилегов.

ЈП „Градски паркинг“ досега немаше А0 зона. Инаку, во А зоните беше дозволено паркирање од најмногу два часа.

 

Содржината е прочитана 74 пати.