Бизнис вести

Владата ќе обезбеди нови 100 милиони евра за малите и средни претпријатија со камата до 3,2 проценти

Ова е петта кредитна линија земена од Европската инвестициска банка. До сега во претходните четири се обезбедени вкупно 350 милиони евра

среда, 11 април 2018

Владата ќе обезбеди нови 100 милиони евра од Европската инвестициска банка за финансирање мали и средни претпријатија. Тоа ќе биде петта кредитна линија од ЕИБ за оваа намена. Од владината прес служба информираат дека Македонската банка за поддршка на развојот во преговорите со комерцијалните банки ќе се заложи цената на каматата да не надмине 3,2 проценти за крајните корисници.

„На денешната владина седница е разгледана и усвоена информацијата во врска со потребата од обезбедување дополнителни 100 милиони евра средства за нова, петта кредитна линија од Европската инвестициска банка за финансирање мали и средни претпријатија“, соопштија од Владата.

До сега со четирите кредитни линии се обезбедени вкупно 350 милиони евра кои малите и средни претпријатија ги искористија за поволни кредити. Најголем интерес покажаа фирмите од преработувачката индустрија и од градежништвото.
 

Содржината е прочитана 248 пати.