Инфо

Објавен огласот за надоместување на трошоците за купување печки на пелети

Град Скопје ќе надомести дел од трошоците за набавка на печката во висина од 70 отсто, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство

четврток, 05 април 2018

Градот Скопје го објави јавниот повик за надоместување на дел од трошоците за набавка на печки на пелети. На огласот, кој е отворен до 21 мај годинава, или до исцрпување на предвидените средства, може да се јават сите оние граѓани кои ќе купат печка на пелети во периодот додека трае повикот.

Доделувањето на надоместокот ќе се врши по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Град Скопје ќе надомести 70 отсто од трошоците за набавка на печката, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.
 

Содржината е прочитана 96 пати.