Инфо

Бесплатно паркирање на паркинзите на ПОЦ за Велигданските празници

Сите граѓани ќе можат слободно да се паркираат на паркинзите на ПОЦ во петок, сабота, недела и во понеделник

четврток, 05 април 2018

Во текот на сите четири дена додека траат Велигденските празници паркирањето на паркиралиштата со кои стопанисува Општина Центар ќе биде бесплатно.

Од ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ информираат дека во петок, сабота, недела и во понеделник паркирањето на нивните паркиралишта ќе биде бесплатно за сите граѓани.

Паркиралиштата со редовна наплата ќе продолжат со работа во вторник, 10 април, со вообичаено работно време.
 

Содржината е прочитана 106 пати.