Инфо

Заостанатите долгови за вода може да се плаќаат на рати без камата

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека физичките и правните лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување договор до 24-месечни рати во зависност од висината на долгот

понеделник, 02 април 2018

Од денеска скопјани ќе можат заостанатите долгови за вода да ги плаќаат на рати и без пресметана камата за задоцнето плаќање, информираат од „Водовод и канализација“.

„Официјално, започна акцијата што ја најавивме во периодот од 2.4.2018 до 15.5.2018 година. Корисниците на услугите на ЈП ‘Водовод и канализација’ – Скопје, кои имаат заостанат долг за вода (по основ на тужени сметки и редовени сметки), ќе може да го платат на рати и без пресметана камата за задоцнето плаќање“ се вели во соопштението на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Физичките и правните лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување договор до 24-месечни рати во зависност од висината на долгот.

 

Содржината е прочитана 97 пати.