Инфо

Горивата поскапуваат од 1,5 до 2 денари по литар

За 1,5 денари по литар поскапуваат бензинот БС-98 и дизелот, додека БС-95 поскапува за 2 денари по литар

понеделник, 02 април 2018

Од ноќеска на полноќ горивата поскапуваат за 1,5 до 2 денари по литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се зголемува за два денари по литар и сега ќе изнесува 67,50 денари литар. Цената на бензинот БС-98 и на дизелот се зголемува за а,5 денари, со што ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 69 денари, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) по 59 денари за литар. За 1,5 денар се зголемува и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и ќе изнесува 47,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,402 денари за еден килограм со што М-1 НС сега ќе чини 28,038 денари по килограм.

 

Содржината е прочитана 69 пати.