Инфо

Објавени имињата на добитниците на наградите од интернет наградната игра на тематскиот ден „ДАМА-ДА“

Доделени се вкупно осум ексклузивни награди

понеделник, 02 април 2018

На тематскиот ден „ДАМА-ДА-Здравјето и убавината во функција на современата жена“ јавно беа извлечени добитниците на осум ексклузивни награди од интернет наградната игра што ја спроведе агенцијата „Марили“ во соработка со интернет маркетинг агенцијата „Медиа Солушнс“.

Извлекувањето се одвиваше во живо според листата на учесници подредени по реден број (хронолошки) кои ги исполнија сите три услови за учество во играта (Лајк на нашата фан страна Агенција Марили, Коментар на објавата за наградната игра и јавно споделување на објавата со наградната игра на нивниот сопствен профил).

Изборот се одвиваше на веб страната www.random.org, каде се внесува домен за број на учесници (во нашиот случај од 1 до 336) и со притискање на копчето Generate, по случаен избор апликацијата избира еден број во доменот кој го внесуваме. Според тоа добитници на наградната игра се:

Снежанка Гаштеовска - прва награда – ноќевање за двајца во Казино Фламинго Хотел со вклучен полн пансион и спа центар

Василка Ѓурчиновски доби награда од „SILHOUETTE“ - Remodeling на лице

Ивана Постоловска доби награда од „SILHOUETTEЕ“ - Remodeling на тело

Ица Котевска доби награда од OXETTE – огрлица изработена од stainless steel со 18К позлата и полускапоцен камен оникс

Марија Маца
Илиевска е добитник на наградата од FARMAGEN – Др.Органик колекција составена од крем за лице, гел за лице и тело, серум за брз лифтинг ефект на лице и серум за околу очи

Семи Илја
зи доби награда од MISS EN – Ваучер за 10+2 гратис третмани „Мадеро терапија“ за цело тело

Христина Стојановска
доби награда од MISS EN – Ваучер за сет козметички производи од „AURIEGE-PARIS“ што вклучува течна пудра, камена пудра и коректор

Витка Карадаковска
е добитник на наградата што ја доделува хотел MIRROR а се состои од едно ноќевање за двајца со вклучен појадок

Наградените треба да се пријават во агенција „Марили“ на телефонскиот број 02 3 128 155 за да се информираат за подигање на наградите.
 

Содржината е прочитана 548 пати.