Инфо

Владата планира да ја зголеми даночната стапка на 18 отсто за приходи од над 1.000 евра

Министерот за финансии, Драган Тевдовски појасни дека приходи над 1.000 евра имаат само два проценти од граѓаните, што значи дека повисоката даночна стапка нема да ја погоди средната класа

среда, 28 март 2018

Владата планира даночната стапка кај персоналецот да остане 10 отсто, а со повисока стапка од 18 отсто да се оданочуваат оние граѓани кои имаат приходи над 1.000 евра, рече министерот за финансии, Драган Тевдовски на денешниот панел „Македонската економија помеѓу визија и дилема: Предизвици на економските политики“, што се одржа во организација на Институтот Finance think.

„Приходи над тој праг имаат само два проценти од луѓето, односно, оние со највисок доход. Тоа е границата што треба да биде поставена за дополнитена стапка и таа стапка сигурно нема да удри по средната класа. Луѓето кои имаат доход повисок од овој се приходи што во голем дел не се од труд, туку од капитал“, рече Тевдовски.

Тој појасни дека приходната страна на буџетот е најмала во Македонија и во Косово од останатите земји од регионот, што значи дека има простор за промена на даночната политика. Притоа додаде дека Албанија ја зголеми даночната стапка за 13 и 23отсто.

Тевдовски рече дека во план е праведното оданочување да стартува од 2019 година, но претходно ќе биде спроведена сеопфатна анализа и јавна дебата за да се слушнат мислењата на јавноста.
 

Содржината е прочитана 124 пати.