Бизнис вести

„A’gupka Vranec“ на винарницата „Бовин“ прогласено за едно од најдобрите вина на светот

Црвеното вино од Македонија го доби престижното признание Grand Gold, на еден од најважните вински натпревари во светот MUNDUS VINI, кој се одржува во Германија

вторник, 27 март 2018

Тиквешкото црвено вино „2012 A’gupka Vranec“ на винарницата „Бовин“ го доби престижното признание Grand Gold, на еден од најважните вински натпревари во светот MUNDUS VINI, кој се одржува во Германија, каде „Бовин“ исто така е добитник и на наградата „Best of Show“ award.

Меѓународно жири составено од 270 вински експерти од целиот свет, енолози, винари, професионални трговци со вино, сомелиери и стручни новинари од 44 различни земји, повеќе од 6 дена дегустираа, евалуираа и оценуваа 6.770 вина од над 150 вински реони од различни делови на светот, меѓу кои имаше вина од познати вински региони од Австралија, Аргетина, Чиле, САД, Франција...

Вината се оценуваа според категоријата во која припаѓаат, потеклото, нивото на квалитет и вкус и се евалуираа во согласност со стандардите за оцена на Меѓународната организација за вино (OIV).
 

Содржината е прочитана 159 пати.