Здравје/ Убавина

„ДАМА-ДА“ ви ја претставува Uriage, француска козметика што ја носи EL PHARMA, регионален лидер во давање услуги од фармацијата

Uriage нуди огромна палета производи кои се користат во секојдневна нега. Повеќе за овие производи ќе дознаете на тематскиот ден „ДАМА-ДА-Здравјето и убавината во функција на современата жена“ што ќе се одржи на 31 март 2018 година во „Холидеј Ин“ од 10,00 до 16,00 часот каде EL PHARMA ќе се претстави со свој штанд

вторник, 27 март 2018

EL PHARMA е регионален лидер во Југоисточна Европа во давање дополнителни услуги во областа на фармацијата.

Големиот број услуги што ги нуди овозможува странските производители да влезат на пазарот во регионот и да стигнат до крајниот потрошувач.
• регистрација на лекови или медицински помагала
• логистичка поддршка при клинички испитувања
• маркетинг решенија за вашите производи и компанијата
• услугата за складирање лекови и медицински помагала, располага со најсовремени магацини кои се наоѓаат во овој дел од Европа
• високообразован, мотивиран и искусен кадар 

Гаранција за успехот е секако и компанијата PHOENIX Pharmahandeln GMBH & KG, во чиј систем спаѓа и EL Pharma.

Uriage e француска козметика која нуди огромна палета на производи кои се користат во секојдневна нега на :
• нормална кожа на лице и тело
• третман на сува и многу сува кожа
• третман на осетлива и нетолерантна кожа
• третман на кожа подложна на црвенила
• anti- age козметика
• интимна нега
• нега на бебиња
• третирање на одредени состојби во дерматологијата

Како основа врз која се темели дејството на целата козметика е тоа што составен дел во сите производи на Uriage е Uriage Термална вода.

Uriage Термална вода извира на западната страна на масивот Белдона во Франција на надморска висина од 4.800 метри. Поминувајќи низ повеќеслојни стени, во тек на 75 години долг пат, постепено се збогатува со минерали и олигоелементи.Термалната вода ја хидрира кожата, смирува, опоравува, има антиоксидационо својство, ја омекнува кожата, формира заштитен филм и ја зајакнува кожната бариера.

Сет производи на Uriage se:
• Хипоалергени, без парабени, мириси и вештачки бои
• Дерматолошки и офталмолошки тестирани препарати
 

Содржината е прочитана 451 пати.