Инфо

На Дигиталниот самит на Западен Балкан ќе се зборува за намалување на цените на роамингот со ЕУ

„Иновациите и претприемништвото во ИКТ се признати како основно средство за создавање работни места и економски развој во Македонија“, рече министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски на Меѓународната конференција за ИКТ, иновации, регулатива и инвестиции, што се одржува во Софија

понеделник, 26 март 2018

„На Дигиталниот самит на Западен Балкан во Скопје ќе разговараме за драстично намалување на цените на роамингот за земјите од регионот со ЕУ“, рече министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски на Меѓународната конференција за ИКТ, иновации, регулатива и инвестиции, што се одржува во Софија.

Манчевски најавил дека на Самитот што ќе се одржи на 18 и 19 април во Македонија, покрај за намалување на цените на роамингот, ќе се разговара и за заемно признавање на дигиталните сертификати меѓу земјите од регионот со EУ, за зајакнување на дигиталните вештини, како и за заедничка стратегија за сајбер-безбедност на Западен Балкан со ЕУ.

Според Манчевски, основата на нашите општества во овој 21 век се иновациите и претприемништвото во ИКТ, кои се признати како основно средство за создавање работни места и економски развој во Македонија, но и во другите земји од Западен Балкан.

„Јадрото на промените на наиште општества е ИКТ, тоа е основата на реформите на администрацијата, а дигитализацијата значително ги намалува можностите за корупција. Многу земји го направија тој скок напред и ги прифатија промените. Колку побрзо ќе прифатиме да се промениме, толку подобри ќе бидеме“, рекол меѓу останатото Манчевски на конференцијата во Софија.

На Конференцијата што се одржува под покровителство на Владата на Бугарија во рамки не нејзиното претседавање со Европската Унија, свои обраќања имаа и претседателот на Бугарија, Росен Плевнелиев, еврокомесарката за дигитална економија и општество, Марија Габриел, Бесим Беќај, министер за иновации и претприемништво во Владата на Република Косово.

 

Содржината е прочитана 111 пати.