Инфо

УЈП со нова задолжителна услуга „Закажи средба“

Новата услуга што ќе важи за сите даночни обврзници кои ќе ги користат даночните услуги во Регионалната дирекција Скопје ќе се применува од 1 мај оваа година

понеделник, 26 март 2018

Управата за јавни приходи (УЈП) воведува нова услуга „Закажи средба” што ќе биде задолжителна за сите даночни обврзници кои ќе ги користат даночните услуги во Регионалната дирекција Скопје. Новата услуга ќе важи од 1 мај оваа година.

Услугата „Закажи средба“ овозможува секој даночен обврзник да закаже термин за остварување средба со даночен агент во УЈП – Регионалната дирекција Скопје, во време кое нему му одговара, а со цел консултација за различни општи и специфични прашања. Така може да се закаже средба за oпшти информации како што се рокови, начини за пријавување и плаќање даноци и друго, за oтворање бизнис и регистрација на даночен обврзник, за консултации за издадени даночни документи, за утврдување даноци, за постапки за наплата на долгови, како и за правни прашања.

Услугата „Закажи средба“ може да се користи он-лајн, или преку Инфо-центарот на УЈП. Средбите ќе се закажуваат телефонски во Инфо-центарот на бревите 0800 33 000 или 02/3253 200, или он-лајн преку веб-страницата на Контакт-центарот kontaktcentar.ujp.gov.mk, која овозможува пристап до услугата „Закажи средба“.

 

Содржината е прочитана 170 пати.