Бизнис вести

Агенција „Марили“ ќе ги прогласи најуспешните жени менаџери за 2017 година

Манифестацијата што се организира во континуитет веќе 22 години ќе се одржи во четврток, 29 март 2018 година во „Холидеј Ин“

понеделник, 26 март 2018

Агенцијата „Марили“ во четврток на 29 март 2018 година во „Холидеј Ин“ ја организира манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери од Република Македонија“ и ќе ги прогласи годинашните лауреатки.

Во Топ 10 најуспешни менаџерки за 2017 година се најдоа Александра Аргир, менаџер за човечки ресурси во Пивара Скопје АД, Горица Дачевска, генерален менаџер на ПЗУ „Д-р Горица“ од Скопје, Ирена Јакимовска, генерален менаџер на „КОМФИ АНГЕЛ“ Доо Прилеп, Пенка Мукаетова, генерален менаџер „КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП“ од Кавадарци, Јана Јанеска Ристески, генерален менаџер на Центар за современа ликовна уметност - Прилеп, Слаѓана Стаменкова, генерален менаџер „ЕЛИТ ТРАВЕЛ“ Скопје, Наташа Стојковска, директор на набавка и логистика во „Витаминка“ АД Прилеп, Елена Табаковска, директор во ФАРМАГЕН увоз-извоз ДООЕЛ– Скопје, Лидија Таскова-Попова, генерален менаџер ЕСП-Развој и управување на човечки ресурси Скопје и м-р Магдалена Трајковска Трпевска, генерален менаџер „ТЕХНОЛАБ“ ДОО Скопје.

Изборот на најуспешните жени менаџери од нашата држава, агенцијата „Марили“ го организира во континуитет веќе 22 години. Манифестацијата којашто претставува поддршка и промоција на жената во бизнисот, годинава е поддржана од министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска која ќе биде присутна и ќе им се обрати на лауреатките на свеченоста кога ќе им бидат доделени и признанија за најуспешни жени менаџери за 2017 година.

Избраните менаџерки доаѓаат од успешни компании од различни области и дејности, од работни средини каде што жената менаџер е добро прифатена.

„Ова е единствена од ваков вид манифестација со своја концепција и програма и е високо етаблирана во општеството како поттик за младите генерации едуцирани жени кои смело треба да влезат во бизнис водите и да ја градат својата кариера кон високите менаџерски позиции. Менаџерките сме ги запознале низ нашите проекти, или ни биле препорачани од нивните деловни колеги или партнери. Тие се најдоа на оваа престижна листа почитувајќи ја нивната лична согласнст да бидат дел од овој наш избор“, вели Лидија Трипуноска, генерален менаџер на Агенција „Марили“

Водител на манифестацијата ќе биде Ели Танасковска, а настанот ќе биде збогатен со следните музички точки: „Шиндлерова листа“,тема од истоимениот филм, композитор Џон Вилиамс во изведба на виолинистката Ева Богоевска заедно со нашата надежна пијанистка Дани Жоговска и нумерата „Money,money“ од групата ABBA, аранжман за гудачко трио во исполнение на Трио „АУРОРА“ во состав прва виолина-Ева Богоевска, втора виолина-Љубица Делева и виолончело-Олег Цингарски.
 

Содржината е прочитана 1297 пати.