Инфо

Синдикалната кошница во февруари „тежела“ 32.383 денари

Најмногу пари биле потребни за храна и за пијалоци - 13.395 денари, а 10.476 денари за комунални трошоци и покуќнина. Најмалку пари се одвојувале за културни активности и за здравје

петок, 23 март 2018

Синдикалната минимална кошница во февруари годинава „тежела“ точно 32.383 денари. Толку пари му биле потребни на едно четиричлено македонско семејство за да ги покрие основните месечни потреби.

Според податоците од Синдикалната минимална кошница што ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија, вредноста на февруарската кошница е за само 29 денари поголема отколку што била во јануари, но, во споредба со потрошувачката кошница од февруари 2017 година, таа поскапела за 297 денари.

Во февруари годинава најмногу пари биле потребни за храна и за пијалоци, безмалку една третина, односно, 13.395 денари, а 10.476 денари биле потребни за комунални трошоци и покуќнина. За лична хигиена се трошеле 927 денари, а за хигиена во домот 1.364 денари. За превоз на едно четиричлено семејство му биле потребни 2.349 денари, за обувки 2.122 денари, додека најмалку пари се одвојувале за културни активности и за здравје.
 

Содржината е прочитана 74 пати.